У.Б.(56) од село Делогожда, Струшко, пријавил дека на булевар Крсте Мисирков во Скопје, додека бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во коешто биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале У.Б. и истиот се здобил со скршеница на левата рака и носот.
Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство.
Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош. Причина за настанот, според пријавата, е претходна расправија.
Неколку часа пред нападот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, У.Б. имал сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст