Платите на медицинскиот кадар ангажиран со договор на дело на Клиниката за детска хирургија за месец февруари се намалени. За медицинските сестри за суми од околу 4.000 денари, а кај лекарите за 10.000 денари, потврдуваат добро упатени извори за состојбата на Клиниката.
Прво, се поставува прашањето зошто ова го направил директорот Лазар Тодоровиќ, кога во здравствените установи има недостиг на медицински кадар? Ова ли е начинот да се задржи медициснкиот кадар со кој ионака се кубури? Сепак по оваа одлука, како што дознаваме тој веднаш си поднел оставка но истата не била прифатена.
Второ, како мисли актуелната Влада да го реализира ветувањето плата од сто илјади денари за докторите, а во меѓувреме им ја намалува и онаа која ја земаат? Тоа им го ветуваше актуелниот премиер Зоран Заев. А актуелниот директор на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ говореше за задржување на кадарот.
Трето, за оваа година, буџетот за здравство е намален за оваа година. Или предвидено е зголемување на патните трошоци и трошоците за репрезентација на функционерите од владата за повеќе од 20%, додека за докторите специјалисти предвидено е покачување на платите од само 5% или точно 1.500 денари и тоа од септември 2018 година. Оттука доколку се оди со оваа динамика ветувањето за плата од сто илјади денари ќе се оствари за 12 до 15 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст