| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Еден ќе биде разочаран

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во пресрет на вечерашниот осминафинален реванш против ПСЖ во Лигата на шампионите изјави дека еден тим ќе биде разочаран.

– Треба да сме подготвени и за неочекуваното. Наша задача ќе биде да се фокусираме и да одиграме одличен натпревар во рамките на 90 или повеќе минути. Отсуството на Нејмар нема значење за нас, бидејќи на негово место ќе има друг фудбалер кој ќе сака да покаже на што е способен. Недостатокот на Нејмар може да промени нешто во играта, но не и нашата подготовка за тоа, изјави Зидан.

Французинот кој првпат откако е тренер ќе предводи екипа во својата земја, очекува многу тежок натпревар.

– Две години сум на чело на Реал и секогаш ми беше тешко. Играчите секогаш сакаат да играат. Донесувањето одлуки е дел од мојата работа и тоа е се што ќе кажам за евентуалниот почетен тим. Ќе биде тежок меч, а еден од двата тима на крајот ќе се разочара. Но ова е фудбал. Убеден сум дека ова ќе биде голема вечер, нагласи Зидан.

ПСЖ го пречекува Реал Мадрид во 20:45 часот во обид да ја анулира предноста на актуелниот европски шампион кој на првиот меч победи со 3:1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top