Првото заедничко гостување на Ана Севиќ и Дарко Лазиќ во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“ откако ги потврдија вестите за разводот, во потполност ги збунија гледачите, бидејќи не можеа до крај да разберат дали парот ги закопал воените секири и дал уште една шанса на бракот или не. Сепак блискиот однос за време на 2,5 часовното траење на емисијата јасно стави до знаење дека парот засега ќе остане заедно.
-Сале, ако ти не не смириш никој нема – се пошегувал Дарко во еден дел на емисијата кога двајцата добиле задача да испеат по една песна еден на друг.
Пејачот открил дека Ана не е баш вешта во кујната и дека е тоа негова специјалност, но дека сепак повеќе сака да јаде отколку да готви.
-Да зависеше од мојата кујна, би имал 40 килограми – се пошегувала Ана, на што Дарко се надоврзал: Таа јаде за да живее, а јас живеам за да јадам!
За ќерката Лорена пејачката на сите им соопшти дека таа живее со неа.
-Лорена живее со мене, а Дарко…
-Е пред зградата – се надоврзал пејачот, но Ана додала дека тоа не е вистина и дека може да ја гледа кога сака.
На крајот Поповиќ побарал да се бакнат, но Ана одбила, бакнувајќи го Дарко во образ, но двајцата потврдиле дека се сакаат.
-Го сакам и секогаш ќе го сакам. Родители сме на девојче и би било страшно да е поинкау – изјавила Ана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст