– Ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ да не се враќа во Собранието сѐ додека не бидат комплетни, но нашата позиција исто така останува непроменета – немаме намера да влијаеме на правосудството и на одлуките на судот во однос на приведените пратеници за настаните од 27 април лани, рече Заев по средбатаа со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.
Тој додаде дека има сериозно приближување во однос на законите за кои е неопходно двотретинско мнозинство, како на пример законот за заштита на сведоците.
– Го информирав Мицкоски и за текот на преговорите за името. И тука нема некое поместување. Разговаравме за нашите стратегии, за намерите во преговарачките процеси. Но, и тука секој остана на своите ставови. Го пренесов ставот на Владата и опциите и нашиот оптимизам. Побарав да се најде решение за илјадниците амандмани за законот за јазиците, но неприфатлив е предлогот на Мицкоски за формирање работна група за оценување на уставноста на законот. За тоа е надлежен Уставниот суд, изјави Заев и додаде дека се согласиле пак да се видат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата