Во моментов ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека од математичка и политичка природа не можеме да бидеме комплетно активни во Собранието. Имам чувство дека овие проблеми ќе бидат надминати и ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по двочасовната средба со премиерот Зоран Заев што се одржа во Владата.
Мицкоски рече дека тоа чувство дека ќе се коплетираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му е засновано на информации и факти. На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се вратат и притворените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори дека во многу наврати рекол дека ќе се обиде да биде математички презицен и дека чувствата ги темели на факти.
– Се разбира дека под комплетирање се подразбира 100 процентна пратеничка група, рече Мицкоски.
Тој вели дека на средбата со Заев потенцирал дека во државата има ситуација на политички терор и дека опозицијата не се чувствува комотно.
– Опозицијата треба да се чувствува комотно, а сето тоа е во рацете на власта како што рече и меѓународната заедница, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека се согласиле со Заев дека е неопходно Државната изборна комисија да биде функционална и дека Заев се согласил на враќање на стариот модел претседателот на Државната изборна комисија да го предложи опозицијата, а мнозинството власта.
– Ние се договоривме дека ДИК треба да е комплетирана. Имав барање да се врати старото решение претседателот да го предложи претседателот, а мнозинството позицијата. Премиерот го прифати барањето, рече Мицкоски.
Тој изјави дека на средбата, која се одржала на покана на Заев, разговарале и за преговорите со Грција.
– Од приложеното можам да констатирам дека нема поместување од тоа што беше утврдено на лидерската средба во Клубот на пратеници. Повторив дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, а за идентитетските прашања не треба да се разговара, рече Мицкоски.
Во врска со законот за јазиците, Мицкоски повторил дека ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека тој е неуставен, а понатаму и неприменлив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи