Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими е единствениот наш фудбалер што играл заедно во ист клуб со трагично починатиот играч и капитен на Фиорентина, Давиде Астори.
Пред 4 години двајцата играа заедно во Каљари, каде Ибраими настапуваше како позајмен фудбалер од Марибор.
Астори ноќеска почина во сон во Удине, каде денеска требаше да ја предводи Фиорентина против домашниот Удинезе. Причините за шокантната смрт на 31-годишниот капитен на „виолетовите” се уште не е позната.
„Не можам да поверувам. Ме потресе смртта на Давиде. Одличен играч, вистински капитен и на теренот и надвор од него. Неодамна доби и дете. Жалам за трагедијата и сочуствувам со семејството на Астори”, вели Ибраими за „Спортмедиа”
Астори беше член на Каљари од 2008 до 2016 година, а потоа се пресели во Фиорентина. Ибраими беше член на клубот од Сардинија во сезоната 2013/14.
Извор: спортмедиа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


