Полицаец од Свети Николе тврди дека физички и вербално бил нападнат од страна на свој колега, кој му се заканил со зборовите „Ќе видите што ќе ви се случи вас, ќе ве нема, ние сме сега на власт“. Според тврдењата полицаецот кој насилно се однесувал е Трајче Јованчев, име кое се споменуваше во сличен инцидент за време на последните избори. Тогаш нападнатиот полицаец Орце Цветановски тврдеше дека Јованчев со толпа симпатизери на СДСМ го нападнале него и неговото семејство.
Според изјава на Цветановски дадена за Курир, последниот случај бил пријавен во полиција пред два дена, но ништо не било превземено против полицаецот кој е гласен поддржувач на СДСМ.
Цветановски на 28-ми февруари со уште еден полициски службеник биле со покана повикани во Основен суд Свети Николе на закажано рочиште. Кога влегле во судот, се упатиле кон судскиот полицаец, Трајче Јованчев, кој, како што тври Цветановски, бил предводник на толпата која нападнала за време на изборите.
Јованчев е долгогодишен истакнат и активен член на СДСМ, учесник во Шарената револуција. Неговата сопруга сега е директор на Комунална инспекција во Скопје, а нејзината сестра е секретар во Свети Николе откако СДСМ дојде на власт
-Кога влегов, јас постапив службено, се упатив кон просторијата во која се судските полицајци. Таму беше Јованчев, со кој живеам во ист влез. Отидов кај него, тропнав на вратата, му посакав само добар ден и го информирав дека сум повикан во судница. Во момент кога очекував да ме спроведе до судницата, тој ми покажа среден прст пред очи. Јас на сето тоа се воздржав, се повлеков еден чекор назад кон колегата кој беше со мене. Стана и почна да ме навредува, да се заканува и да пцуе. Ми се закануваше со зборовите „Ќе видите што ќе ви се случи вас, ќе ве нема, ние сме сега на власт“. Потоа ме турна со рацете и градите, па замина на вториот спрат на судот. Со другиот колега продолживме и од другата страна се појави обвинителот на Свети Николе со кој требаше заедно да бидеме на судење, за истиот случај, вели Цветановски во изјава за Курир.
Кога се сретнал со обвинителот, веднаш го информирал со што се соочил и дека бил нападнат од вработениот. Но насилството од страна на службеникот кој се повикувал на СДСМ, не престанало тука.
-Заедно со обвинителот се упативме кон вториот спрат. Седевме во чекалната, чекавме да бидеме повикани на судењето.Со мене во тој момент беа полицаецот колега, обвинителот на Свети Николе, адвокати тројца, имаше странки, оштетените во спорот. Во нивно присуство господинот Јованчев дојде до мене почна да ме навредува, да ме пцуе и да ми се заканува. Потоа ме нападна физички. Ме фати за вратот и ми нанесе телесни повреди, по што ме турна во ѕидот кон обвинителот. Тоа го видоа сите присутни, тие се сведоци на мојот напад. Кога требаше да влеземе, повторно застана на вратата и ми се закануваше. Ми ја затвори вратата, не ме пушташе да влезам во судница. Побарав да се одложи судењето, образложивме јас и обвинителот што се случи. Направија записник. Јас пријавив во полиција да се превземат мерки, истакнал тој.
Полицијата не превземала ништо за да го заштити овој свој вработен. Според пишувањата на Курир обвинетиот бил лице блиско до власта и како што велеле во Свети Николе, „заштитен е како мечка“.
Цветановски тврди дека функционерите на СДСМ, сакаат нивниот сопартиец Јованчев наместо насилник, да го претстават како жртва.
– На секој му е страв да превземе мерки поради притисоци од владејачката партија. Откако јас го пријавив настанот, после 24 часа тие излегоа со кривични дела против мене до обвинителство, како јас него да сум го нападнал и да сум му ја загрозил безбедноста. Понатаму ќе има судска постапка, но што ќе биде, не знам, рекол Цветановски во телефонски разговор за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


