| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов температурите од -20 на +20 степени

Најпознатиот македонски метеоролог Славчо Попоски вели дека нè очекуваат големи промени во температурата. Откако минатите денови утринските температури во делови од државава се спуштија и до -20°C, овој викенд следува драстична промена, а температурата на воздухот ќе биде во голем пораст.

Овој викенд температурите во централните и во југоисточните предели ќе се искачат близу 20°C, додека во другите предели ќе се искачат над 10°C.

Поради огромната промена на температурите за краток временски период, ова многу лошо ќе влијае врз метеопатите кои ќе чувстуваат тежини, повремена нервоза, главоболки и болки во коските и на местата од старите рани, а можна е и несоница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top