| четврток, 6 декември 2018 |

Забременила, а на лекар не отишла – бебето се родило едно на 625 милиони (ВИДЕО)

Неодамна е забележан редок случај на вонматерична бременост која речиси секогаш завршува со инициран абортус, но овојпат бебето некако успеало да преживее.

Мајката е украинска бегалка од Донбас која живее во Сибир, има 31 година, а успеала да ја износи бременоста без ниту еднаш да отиде на преглед.

Бебето е добро, се вика Вероника, односно „победоносец“, какво што девојчето наистина и заслужило, зашто само едно на 625 милиони бебеиња испеваат да преживеат абдоменална бременост.

Иако главно вонматерични бремености се случуваат при вештачко оплодување, Вероника е зачната по природен пат. Досега на светот има 12 случаи.

Но, ова не е се!

Мајката на малата Вероника и нејзиниот татко решиле да не се пораѓа во болница, туку дома. Во почетокот породувањето почнало како што треба, чувствувала се посилни и почести контракции, се подготвувала за породување, но тогаш одеднаш контракциите нагло престанале.

Тогаш заминале во болница, а операцијата ја извел тим од 10 лекари. Операцијата била сложена и многу ризична. Но, двете успеале да ја победат и оваа битка.

Руските медиуми, кои пренесуваат за овој несекојдневн случај, пишуваат дека лекарите сега истражуваат која е причината природно зачната бременост да доведе до развој на бебето надвор од матката, па случајот на Вероника несомнено ќе влезе во учебниците и во научната медицинска литература.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top