| четврток, 6 декември 2018 |

Трисетина лица се убиени при напад во Буркина Фасо

Трисетина луѓе загинале во денешните напади врз Генералштабот на армијата и врз Амбасадата на Франција во Уагадугу, главен град на Буркина Фасо, јави АФП повикувајќи се на извори од силите за безбедност.

Дваесет и осум лица загинале во нападот врз Генералштабот. Најголем дел од загинатите се војници но има и цивили. Двајца полицајци биле убиени во нападот врз француската Амбасада.

Владин извор изјавил дека се убиени девет терористи, од кои петмина во нападот врз ГШ.

Ситуацијата во Амбасадата на Франција е под контрола, наведе дипломатски извор во Париз.

Властите во Буркина Фасо сметаат дека нападот го извршиле исламисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top