Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија смета дека е исполнето битието на кривичното дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” согласно изјавата на полицајката, дека таа била вербално нападната додека ја вршела својата должност на проверка и контрола на неправилно паркирани возила меѓу кои било и возилото на напаѓачот, Бекир Асани, функционер на ДУИ.
– Во никој случај не може само физичкиот напад да се смета за исполнување на битието на делото, бидејќи самата одредба од Кривичниот законик потврдува дека за напад се смета и заканата, малтретирањето и навредата. Останува прашањето зошто МВР нема поднесено кривична пријава против лицето Бекир Асан за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” од член 383 од Кривичниот законик, имајќи предвид дека исполнето е битието на ова кривично дело, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.
Од ХКЧП напоменуваат дека напаѓањето на полицајката и третирањето на овој случај повлекува и прашања за справувањето со случаите кога се работи за жени припаднички на полицијата и повлекува во најмала рака сомнеж за заштитата која им се дава на полицајките.
За овие прашања Хелсиншкиот комитет најавува дека ќе се обрати и писмено до МВР и Секторот за внатрешна контрола.
При денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со полициската службеничка Јасмина Јаначковска, по вчерашниот инцидент во кој таа беше нападната од Бекир Асани, поранешен претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, таа информирала дека била само вербално нападната а самата се повредила при удар од „пајакот“ кој собира возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст