| четврток, 6 декември 2018 |

Грозоморно: Убил бебе, па на суд се бранел дека убил пајак

Двејн Линдси (36) од Австралија се товари дека убил шестмесечно бебе, син на неговата девојка Мишел, со која планирал да се вена.
Линдси останал сам со малиот Чејси Диринг додека Мишел била на пазарување со другарки.

На сведочењето во судот Линдзи објаснил дека било четири часот наутро, а продавницата во која отишла работела 24 часа. Бебето му заспало на градите, а кога се разбудил, се исплашил, скокнал мислејќи дека по него оди пајак.

Бебето паднало и удрило со глава во радијаторот и починало.

-Изгледа 60 пати му викал, еј ти. Врескали почнал да вика дека нешто не е во ред со бебето. Пцуел, а потоа в 8.20 часот телефонирал и на мајката и ѝ рекол дека нешто не е во ред со бебето, сведочел соседот.

Линдси пред некој ден ме запроси и планиравме венчавка, рекла Мишел на суд.

Нејзина пријателка изјави дека биле во шопинг кога Линдси ѝ се јавил на Мишел. Отишле веднаш дома и ги видела лекарите како се обидуваат да му помогнат на бебето.

Мишел од шок се онесвестила. Рекла дека Линдси се трудел околу бебето, дека помагал и имал многу трпение околу детето кое не било негов син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top