Трошоците на министрите, замениците-министри и државните секретари наскоро ќе можат да се следат преку дигитална алатка која Владата ќе ја промовира следната недела.
Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на денешната јавна дискусија со учесници од НВО-секторот за размена на мислења и идеи за актуелните владини политики поврзани со нејзината транспарентност, истакна дека во тек е изработка на софтверот за следење на овие трошоци кој ќе понуди точни информации, но и наративен извештај за наведените трошоци.
Според Илија Жупановски од Секторот за медиуми во Владата, употребата на ваква алатка за дигитална транспарентност е светски тренд, а целта е меѓу другото да се држат трошоците на овие функционери на најниско ниво. На почетокот ќе биде опфатена група од 60 функционери и таа листа на опфат понатака ќе се прошири. Се предвидува на крајот од месецот обврска за министрите, замениците-министри и државните секретари да доставуваат извештаи за нивните трошоци.
Во однос на можноста за унапредување на работата на Владата во насока на агендата за транспарентност, министерот Поповски укажа дека отвореноста во пристапот кон медиумите после девет месеци од отпочнувањето со работа на новата Влада се темели на три столба – слободен амбиент во кој делуваат медиумите, активна транспарентност и пристапност до информациите. Постигнувањата во однос на отчетноста и транспарентноста, рече дека меѓу другото се постигнати со еднаков пристап кон сите медиуми, редовните владини брифинзи по владините седници кои прераснаа во прес-конференции и партиципацијата на членовите на Владата во јавните дебати, како и обврската за објавување на договорите за тендерските постапки на сајтот на Бирото за јавни набавки.
– Убедени сме дека тоа не е доволно, ќе одиме на објавување и на материјалите, на записници од седниците на Владата, но молиме за трпение. За да го спроведеме сето тоа, потребна ни е администрација која ќе може да го следи чекорот. Тука имаме се уште сериозни проблеми, луѓето се ненавикнати да комуницираат на ваков начин со јавноста и тешко разбираат дека нема што да се крие. Притоа некогаш се случува и нејаснотија од страна на медиумите. На пример, точки на дневен ред кои се ставени, а потоа повлечени, медиумите ги пренесуваат и ги повлекуваат веднаш, па дури ги ставаат и во наслов. Треба да се организираме како тоа сето да функционира бидејќи таа точка не е на дневен ред додека не биде усвоена, а предлог-дневниот ред се објавува пред седницата на Влада, рече Поповски.
Тој ги повика медиумите и невладиниот сектор да ги посочат институциите, личностите кои не го следат овој концепт на транспарентност на Владата за да извршат притисок и да се коригираат.
– Ако некој орган кој е финансиран од Буџетот не ги исполнува задачите, тоа мора да го знаеме за да извршиме притисок тоа да се коригира. Една од моите улоги зошто сум министер во Владата е токму тоа – да можам на седница да го поставам прашањето, да отвориме точка на дневниот ред и да побарам дури и разрешување на некои функционери токму заради оваа работа без оглед колку и да се квалитетни во целата нивна друга активност, рече Попоски.
Мнозинството од присутните претставници на НВО-секторот и на медиуми ги поздравија промените што ги воведе Владата во однос на мерките за транспарентност, но изнесоа и забелешки и сугестии каде има потреба за унапредување на состојбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст