| четврток, 6 декември 2018 |

Рим планира да забрани користење дизел автомобили до 2024 година

Рим, како еден од сообраќајно најзагадените европски градови, планира да забрани возење на дизел автомобили во центарот на градот до 2024 година, изјави градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.

– Доколку сакаме сериозно да интервенираме, мора да имаме храброст да усвоиме одлучни мерки, објави таа на својот Фејсбук профил.

Нејзините коментари доаѓаат по пресудата на Сојузниот управен суд во Германија со која на градовите во таа земја им е овозможено воведување забрана за возење дизел автомобили во рамки на борбата против загадување на воздухот.

Околу две третини од вкупно 1,8 милиони нови автомобили продадени во Италија минатата година биле дизел возила. Во Рим нема некои поголеми индиструски погони, така што речиси целото загадување е резултат на моторните возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top