| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласија и „Шверцерите“ откако „Комитите“ ги обвинија дека нападнале нивни член

Навивачката група „Комити“ преку соопштение на социјалните мрежи го опиша вчерашниот инцидент во центарот во Скопје, каде 16-годишно момче, фан на „црвено-црните“ бил прободен со нож, наводно од неколку члена на навивачката група „Шверцери“.

Исто така, „Комити“ побараа од надлежните органи на нашата земја што е можно побрзо да го расчистат овој случај и еднаш за секогаш да се стави крај на ваквите немили сцени.

Но, доцна синоќа приврзаниците на Шкупи преку соопштение на социјалните мрежи ги демантираа овие обвинувања и од „Комитите“ побараа доколку имаат какви било докази да ги покажат во јавност.

„Навивачката група „Комити“ нè обвинија за нешто кое ние не сме го направиле. Ние како „Шверцери“ категорично тврдиме воопшто не сме поврзани со нападот на 16-годишното момче. Ниту еден наш член во тој момент не беше на таа локација, кога беше нападнато детето. Искрено не знаеме зошто нам нè обивнуваат. Доколку „Комитите“ имаат каков било доказ за овие обвинувања нека го покажат во јавноста. Но, знаат дека не е така. „Шверцерите“ никогаш нема да бидат како нив кои напаѓаат жени и деца. На крај сакаме уште еднаш на напоменеме дека овој случај нема никаква врска со нас“, пишува во соопштението на навивачката група од Чаир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top