Функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој вчера тепаше полицајка на Битпазар затоа што сакала со пајак да му ја крене колата која била неправилно паркирана – не доби кривична пријава за напад на злужбено лице.
Наместо за ова кривично дело, за кое се добива затворска казна до 10 години, од МВР на Асани му поднеле само прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, за што не се одговара кривично, туку со казна од 500 до 800 евра.
-Денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило Land Rover со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б.А. е извршен разговор во ПС Бит Пазар и изготвен записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. За претепувањето на Петров, Асани никогаш не одговараше.
Во меѓувреме, нападната полицајка се сретна со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и пред него кажа дека не ја тепал Бекир Асани туку самата се удрила од пајакот.
Полицајката проговори: Бекир Асани не ме тепаше, несакајќи самата се удрив во пајак возилото
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст