| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Баку, најмалку 25 мртви во клиника за одвикнување од дрога

Најмалку 25 лица загинаа рано изутринава во пожар во центар за рехабилитација на зависници од дрога во азербејџанскиот главен град Баку.

Претставници на азербејџанските министерства за задравство и за вонредни состојби информираа дека засега немаат податоци за точниот број на загинати при пожарот, додавајќи дека се стравува оти животите ги загубиле меѓу 25 и 30 лица.

Локалните медиуми јавија дека пожарникарите успеале од опожарената зграда да извлечат четири преживеани лица, кои се пренесени во болница, но нема информации за нивната здравствена состојба.

Причините за пожарот засега не се познати, а властите најавија отворање истрага.

На местото на пожарот, кој бил изгаснат по интервенцијата на противпожарната служба, утрово пристигна и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top