Талентораната Дуа Липа (22) е сон на многу момци, а нејзината мајка Анеса изгледа повеќе од одлично во петтата деценија од животот.
Анеса е активна на социјалните мрежи, фановите на пејачката ја обожаваат, а изгледа и таа знае да ужива во славата и да биде секогаш свежа во чекор со трендовите.
Од татка си Дукаѓин Дуа го наследила талентот за музика, а несомнено од мајка си убавината.
Британските медиуми ѝ предвидуваат бласкава иднина на дваесет и двегодишната убавица Дуа Липа, а причина за тоа е што ја забележале менаџерите на Лана дел Реј, кои во неа препознале малку мистичен квалитет.
На сцената е од 16 години, учела во престижната школа „Силвија Јанг Тијатр скул“ се додека татко ѝ поради работа не морал да се врати на Косово, каде што издржала две години и ги замолила родителите да се врати во Лондон и да продолжи да се занимава со музика. Живеела со пријатели, работела во ресторани и клубови, па така имала можност да ја запознае и мрачната страна на Лондон, што ѝ послужило како инспирација за текстовите.
Исто така потекнува од музичко семејство (татко ѝ бил пејач во бендот Ода), била модел, се наоѓа на листата на ѕвезди во подем, а има покана и од Марун 5, кои на својата страница објавија нејзина песна и ѝ послужија како одлична отскочна штица за пејачка која во монентов снима деби албум за Ваенер брос рекордс и соработува со познати продуценти кој соработувале со Еминем, Броуно Марс, Лана дел Реј, Канње Вест, Марк Ронсон и Бек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст