
СДСМ и Анѓушев ги излажаа бизнисмените. Ветија 20 милиони евра за стимулирање на МСП во првата година, со раст до 50 милиони евра до крајот на мандатот. МСП не добија финансиски стимулации минатата година, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
„Финансиските стимулации кои ги даваат сега се половина од предвидените за првата година од мандатот. Иронијата е поголема и заради тоа што СДСМ ги нема предвидено ниту овие 10 милиони евра во Буџетот за годинава. Долгите прес конференции и лагите на Анѓушев нема да го прикријат фактот дека СДСМ ги излажа граѓаните. Ветувањата на СДСМ издишаа како пукнат балон.Стимулациите кои ги ветува Анѓушев не се усогласени ниту со трговските договори кои ги има склучено Република Македонија, како ЦЕФТА, ЕФТА, договорот за слободна трговија со ЕУ и СТО“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму се додава дека дополнитлено долго очекуваниот план на СДСМ кој го најавуваа за финансиска поддршка за инвестициите е катастрофален и е во колизија со неколку постоечки закони во Република Македонија.
„Наместо да креира работни места тој ги одвраќа инвестициите и предизвикува нивно одлевање во соседните земји. Претпријатијата очекуваат вистинска помош. Претприемачите очекуваат СДСМ да го реализира ветеното, а не да ветува половичо од првично ветеното“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


