Лиценцата за организирање на талент-шоуто „Икс фактор“ во Србија ја доби телевизијата „Пинк“, а емисиите ќе почнат во октомври. На прес-конференцијата беше најавено дека за финалето во Србија ќе дојде и креаторот на ова шоу, како и на сите слични („Идол“ и „Јас имам талент“ ), контроверзниот Британец Сајмон Ковел, кој воедно е и најомразениот член на секое жири.
Победникот ќе добие 200.000 евра!

Лорин
За финалната вечер, која ќе се одржува во „Комбанк“ арената во Белград, ќе настапат и шведската победничка на „Евровизија“, Лорин, и популарниот британски пејач План Б, а „Пинк“ сѐ уште е во преговори со, како што рекоа, еден од најпопуларните тинејџерски бендови.
Покрај во „Икс фактор“, талентите во Србија ќе се ловат и во реалното музичко шоу „The voice“ („Гласот“), кое беше создадено во Холандија, но веќе четврта сезона во САД, а втора во Велика Британија е најгледан натпревар.

Членови на жирито, кои истовремено ќе бидат и гласовни тренери на избраните таленти, засега се Емина Јаховиќ Сандал, Марија Шерифовиќ и Хари Мата Хари.
Во Македонија, по „Македонски идол“ и „Јас имам талент“, кои завршија пред две, односно три години, нема ни најава за какво било странско музичко шоу. Остануваме со „Сите наши песни“ за кое сѐ уште нема најава дека ќе се одржува и в година. Сами проценете колку е успешно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)


