| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на функцонерот кој тепаше полицајка

Откриен идентитот на политичарот кој утринава претепа полицајка во Скопје. Бекир Асани е високиот функционер на ДУИ кој утрово ја нападнал полицајката.

Како што претходно беше објавено, полицајката заедно со вработени од „Градски паркинг“ го кренале непрописно паркираниот автомобил на Асани, по што тој ја нападнал полициската службеничка.

„Денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило Land Rover со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Со Б.А. е извршен разговор во ПС Бит Пазар и изготвен записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел.

Функционерот на ДУИ пред две години бил уапсен во Србија за сообраќаен прекршок. За него медиумите пишуваа дека му се заканувал на сегашниот премиер Зоран Заев дека доколку се појави некој од прислушкуваните разговори меѓу функционери на ДУИ, ќе било лошо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top