| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнаа две млади девојки и маж од Скопје

Во полициска станица вчера се јавил 46-годишниот З.Ш. од Скопје кој пријавил дека претходниот ден околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка.

Се работи за 20-годишната В.Ш. по која полицијата трага.

Исто така, 79-годишниот Д.С. од Скопје пријавил дека на 26. месецов, околу 07 часот и 30 минури од неговиот дом во непознат правец се оддалечил неговиот син.

Се работи за 41-годишниот В.С. по кој полицијата трага.

Потоа, 41-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12 часот од дома се оддалечила нејзината 16- годишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top