Кумановското село Колитско, четврти ден е отсечено од светот, бидејќи патот кој го поврзува со градот е завеан.
Жителите се жалат дека службата за зимско одржување и по четири дена отткако падна снегот ни еднаш не поминала со механизација да го исчисти селскиот пат, за да можат децата да одат на училиште а возрасните на работа.
-Селото е целосно блокирано, немаме начин како да излеземе. Се работи за пат долг 4 километри, кој го поврзува селото со регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Вчера еден од мештаните се обиде да излезе од селото, но се заглави, па едвај го извлековме со трактори од снегот. Имаме две деца кои од понеделник не посетуваат настава во училиштето во село Орашац, бидејќи нема со што да отидат. Во селото имаме повозрасни и болни луѓе на кои им треба лекарска помош, а не можеме да излеземе од снегот, -изјави Стое Јаневски, претседател на м.з. Колитско.
Тој апелираше до градначалникот Максим Димитриевски и локалната самоуправа да интервенираат кај надлежните служби за да им се очисти патот. Тие еднаш имале средба со градоначалникот за поправка на патот, но и покрај неговите ветувања проблемот се уште не е решен.
Во селото Колитско живеат 35 жители.
Извор: kumanovonews.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст