Од доцна синоќа дел од грчките медиуми, започнаа да ја објавуваат веста за отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром. Информацијата ја дополнија со фотографии и видео од македонските медиуми. Од рано утрово, пак, текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА ја презедоа сите онлајн изданија на медиумите, јави дописникот на МИА од Атина.
„Отстранет споменикот на Александар Велики од аеродромот во Скопје“ е насловот на веста на АНА-МПА.
„Споменикот на Александар Велики со висина од 1,5 метар, што се наоѓаше во салата за пристигнувања, беше поставен во 2011 како донација од турската компанија ТАВ, која од 2010 година го води аеродромот во главниот град на ПЈРМ„, пишува грчката новинска агенција.

Грчките медиуми, во текстовите потсетуваат дека со владина одлука скопскиот аеродром од „Александар Велики“ беше преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“, а минатата седмица, беше отстранети буквите од старото име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


