| четврток, 6 декември 2018 |

Битолски камион направи судир во Албанија, двајца мртви

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска во Албанија, на патниот правец Елбасан-Либражд, во која учествувал камион со македонска ознака. Во сообраќајката во близина на Либражд  учествуваа камион-шлепер со битолски регистарски таблички, управуван од Пецо Стојановски (43) од Битола, и автомобил со албански регистарски таблички, во сопственост на банка, кој превезувал пари за фирмата „Миртај“.
Според првичните сознанија од истрагата, автомобилот со албански таблички и со тројца патници поради нерпилагодената брзина и погрешното претекнување директно удрил во камионот. Притоа животот го загубиле две лица, а едно добило тешки повреди и по укажаната прва помош во болницата во Либражд итно е префлен во Воената болница во Тирана.
Градот Либражд се наоѓа на шеесетина километри од преминот Ќафасан, кај Струга. Оваа несреќа е прва годинава на патниот правец Елбасан-Либражд, каде лани се регистрирани 109 сообраќајки со 29 жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top