| четврток, 6 декември 2018 |

Катја не издржа, побрза да ја види Хана (ФОТО)

Популарната пејачка Наташа Беквалац се породи денеска во една од приватните клиники во Белград, нешто пред 16 часот.

На свет донела здраво девојче кое ќе се вика Катја, а како што пишуваат српските медиуми и мајката и ќерката се чувствуваат добро.

Хана си ја избра Катја (ФОТО)

Нејзиниот сопруг цело време пружал поддршка. На влезот од родилиштето каде Беквалац се породила, српските фоторепортери забележале букет цвеќе на подот и балони наменети за мајката и малата Катја.

Породувањето беше закажано за 1 март со царски рез, но малата Катја не издржа и побрза да ја види сестра си Хана, која ѝ е и „кума“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top