Словачкиот министер за култура Марек Мадарик долгогодишен сојузник на премиерот Роберт Фицо, поднесе оставка по убиството на истражувачкиот новинар.
– Искрено кажано, како министер за култура не можам да поднесам еден новинар да биде убиен за време на мојот мандат – изјави Мадарик на прес-конференцијата, која беше емитувана на телевизија, пренесе Ројтерс.
Убиениот новинар Јан Куцијак (27) известувал за кривичните дела на бизнисмени, од кои некои биле поврзани со политичари. Телото на Куцијак и неговата девојка минатата недела се пронајдени во нивната куќа, источно од главниот град Братислава.
Приказната на Куцијак ја наведува вмешаноста на италијански претприемач, наводно поврзан со калабриската мафија во словачки фарми и компании кои се занимаваат со енергетика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст