
Владата им забранува на медиумите да поставуваат прашања на нејзините прес-конференции.
Во електронска порака до редакциите, од Владата бараат прашањата за прес конфренциите да бидат еден ден претходно најавени, за одговорите да биле прецизни и говорниците да биле спремни да одговорат. Ова е скандалозно, затоа што во новинарската работа многу често се случува инспирација за прашање да се добие од самата прес конфренеција а истовремено отвора простор за цензура, затоа што доколку се работи за провокативно и важно прашање – пиар службите може воопшто да не му овозможат на новинарот да постави прашање.
Оваа пракса ја воведува новиот Сектор за односи со јавноста на Владата во која премиерот Заев вработи преку 120 вработени. Ваквите барања за претходна најава на прашањата се интезивираат со новите моменти во меѓународната политика, особено околу името.
Слично беше по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, двајцата премиери имаа изјави па одговараа на, според сите оценки, нарачани и испланирани прашања. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски дозволи само 4 прашања, 2 од бугарски и 2 од македонски медиуми и ниту едно од нив не беше критичко или суштинско за договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


