| четврток, 6 декември 2018 |

Од наредната учебна година основците ќе учат и на босански јазик

Од учебната 2018/2019 година се предвидува воведување на босанскиот јазик во редовната настава во основното деветгодишно образование, со што се воведува можност припадниците на бошњачката етничка заедница да учат на својот мајчин јазик.

За ова да може да се реализира, како што појасни владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Владата на вчерашната седница ја усвоила Информацијата за подготовка на образовниот систем.

– Во текот на наредниот период треба да се направат сите подготовки ова да се имплементира и од учебната 2018/19 планирано е босанскиот јазик да се воведе во редовната настава во основното деветгодишно образование, рече Бошњаковски.

Појасни дека МОН, односно Битрото за развој на образование за таа цел ќе направи измени во наставниот план. Ќе бидат изготвени, рече тој, и наставни програми во предметот босански јазик, но ќе се преведат постоечките наставни програми по предметите кои ќе се изучуваат во прво одделение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top