| четврток, 6 декември 2018 |

Згасна уште една љубов: Познатата актерка се разведе по 13 години брак!

Американската актерка Алиша Силверстерон(41), објави дека после 13 години брак  со музичарот Кристофер Џарек, се разведува.

Ова соопштение ги изненади сите. Никој не ни сонувал дека славниот пар, кој 20 години поминал заедно, од кои 13 во брак, ќе се одлучат на таков чекор.

– Тие се уште се сакаат, се почитуваат еден со друг и ќе останат блиски пријатели, но донесоа заедничка одлука да се разведат откако минаа 20 години заедно. Имаат заеднички син за кој ќе продолжат да се грижат- рекол портпаролот на Алиша.

Актерката која се прослави со улога во филмот „Откачената русокоса“ и музичарот имаат едно заедничко дете, шестгодишниот син Бир Блу.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top