Водителката Јована Јоксимовиќ го прифати ангажманот и од 5 март ќе почне да работи на „Прва“, заедно со колегата Срѓан Предојевиќ во „Утринската програма“ на оваа телевизија.
Вели дека овој чекор бил сосема логичен, а на приказната дека таа и нејзиниот колега поминале на нова телевизија, заради големи пари и колку и е важен финасискиот аспект, таа вели:
-Не е пресуден, но е важен. Добивме и довеќе од договорот, апсолутно сите барања кои ги имавме во поглед на капацитетот, како би можеле да работиме квалитетно, менаџментот ни ги исполни – вели Јована, додавајќи дека не е добро на работа да се иде ако нема адреналин, позитивна трема и возбуда.
-Ако работите станат рутина, треба да се иде понатаму. И треба да се биде храбар- вели таа.
Сопругот Жељко Јосикимовиќ и пружа голема поддршка, а водителката открива дека изминатата година била многу стресна за неа.
-Имав многу комплицирана бременост, па едвај чекав да ги видам и се да заврши добро за мене и близначките. Потоа имав тешко породување и беше потребно многу љубов и трпение физички да се опоравам. Се сеќавам дека едвај го чекав утрото кога ќе станам, доволно јака да ги кренам од креветот и да ги земам во прегратка- открива Јована.
На прашањето што прави во ситуации кога двете плачат во исто време вели:
-Плачам и јас со нив(смеа). Шега на страна, секогаш со мене е некој баш поради таквите ситуации. Ја имам помошта на бабите, Коста, како и девојките кои работат за нас -рекла Јована.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јована, Јована…Жената на српски фудбалер целосно гола го сруши Инстаграм!
-
После оваа негова реченица таа се збуни и засрами – Жељко беше гостин кај Јована!
-
Купуваат само најскапо и ретко одат пешки: Што велат соседите за Јована и Жељко
-
Прва прошетка на близначките на Јована и Жељко – само да видите кој им помага!