| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен на дело: Премиерот Заев свесно го одложува рочиштето за поткуп од 200.000 евра мито

Премиерот Зоран Заев уште во декември, пред последното рочиште знаел дека на 26 февруари нема да биде во Македонија туку ќе биде на Самитот во Велика Британија, покажува информацијата која е објавена на 25 декември, минатата година.

И покрај тоа што Заев знаел дека треба да оди во Лондон на Самитот за Западен Балкан, ниту неговата одбрана, ниту тој не реагирале на закажаното судење што отвора сомнеж дека обвинителството, одбраната и обвинетиот Заев во полна корелација го манипулираат судството и правдата одложувајќи ги рочиштата.

Во случајот Поткуп, премиерот се товари дека побарал мито од струмички бизнисмен, што беше потврдено со видео снимка. До сега тој постојано ги одложува рочиштата со изговори дека имал седница на Влада како и со средба со струмичкиот конзул за кој рече дека е амбасадор на Италија.

Дон Витано струмичка мистерија

Заев фатен во измама: Не се сретнал со амбасадорот, туку со конзулот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top