| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени во воена база во САД отвориле писмо и паднале во несвест (видео)

Три лица се префрлени во болница, додека 11 почувствувале здравствени тешкотии, кога во американската воена база во Арлингтон, во Вирџинија, отвориле писмо.

„Некој отвори писмо и на сите во канцеларијата им се слоши“, изјави портпаролка на базата Мајер-Хендерсон хол, пренесе „Ројтерс“.

Трите лица кои биле префрлени во болница се во стабилна состојба, соопшти противпожарната спасувачка служба на Арлингтон, на нивниот профил на „Твитер“.

Писмото било отворено во делот на базата Марински корпус.

„Во базата е примено писмо кое содржело непозната супстанца. Во зградата биле презедени веднаш превентивни мерки за евакуација на објектот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top