Дарко Младиќ, син на поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, е еден од можните кандидати на владејачкиот Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик за претседател на Република Српска на претстојните избори, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори од врвот на партијата.
Кандидатурата на Дарко Младиќ е во потесниот круг во изборот на СНСД, а некои советници на актуелниот претседател на Република Српска, Додик сметаат дека тој ќе го остави без никакви шанси за победа кандидатот на опозицискиот Сојуз за промени на Вук Говедарица, наведуваат неименувани извори за белградскиот весник.
– Кој било друг кандидат на владејачката партија не гарантира изборна победа над кандидат на Сојузот за промени. Од друга страна, кандидатурата на синот на Ратко Младиќ за позицијата претседател на Република Српска, според врвот СНСД, ќе обезбеди огромна поддршка од најголемиот дел на боречката популација, како и од обичните луѓе кои во Младиќ гледаат како на некој кој е најзаслужен за создавањето и одбрана на Република Српска, тврдат соговорниците за „Блиц“.
Голем плус на евентуалната кандидатура на Дарко Младиќ, додаваат тие, ќе претставува тоа што се работи за непартиска личност, која зборува неколку јазици.
– Во врвот на СНСД размислуваат и за тоа дека најголемиот дел на неопределени гласачи на изборите својот глас попрво би го дале за Дарко Младиќ, отколку за кандидатот на СДС на Вук Говерадица, наведуваат истите извори.
Дарко Младиќ за „Блиц“ не сакал да потврди, но ниту да ги демантира информациите дека неговото име влегло во тесниот круг на кандидати за претседател на Република Српска.
Неименуван извор за белградскиот весник, исто така, тврди дека покрај Дарко Младиќ, чие име неодамна влезе во изборот на кандидати на владејачката партија за претседател на Република Српска, во игра и натаму се и актуелната премиерка на срспскиот ентитет во БиХ, Жељка Цвијановиќ, потоа министерот за внатрешни работи Драган Лукач, како и пратеникот на СНСД во Домот на народот на Парламентот на БиХ, Средоје Новиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст