Иако Светиот синод на Македонската православна црква официјално го поддржа Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, кој беше потпишан на 1 август во Скопје од премиерите на двете земји – Бојко Борисов и Зоран Заев, тел од свештените лица затсанаа јавно против овој договор. На вечерашниот семакедонски протест против промената на уставното име на државата, Владиката Петар и Владиката Агатангел застанаа во одбрана на името, идентитетот, јазикот. Тие гласно се спротиставија на договорт со Бугарија и на преговорите со Грција. Присутните на протестот, на кој се собраа над 10.000 луѓе, коментираа дека владиците ПЕтар и Агатангел го обелеа образот на МПЦ, која, како што велат, бессрамно застана зад продажбата на нашиот идентитет.
-Го сменија името на Воден, ставија грчко име, на Лерин, на Костур, на Солун, сега сакаат на целата наша македонска земја да ѝ го сменат името или да додадат додавка. Ние, Македонците, исполнети со голема љубов, со големо трпение, со големо милосрдие, братољубие и човекољубие им кажуваме на сите – не, Македонја е нашата земја, нашата татковина, нашата душа. Името на државата е името на црквата македонска, душата на македонскиот народ, рече владиката Агатангел на вечерашниот протест пред Собранието против промена на името на државата.
Агатангел: Болката на нас, Македонците, е голема и продолжува
-Господ да ни е на помош, зашто без Господа оваа татковина и нашата нација и црква нема да опстојат. Само Господ може да ја спаси Македонија, во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен. Ние самите да си направиме наше конечно и духовно и национално опстојување. Во голема мера има забелеша на МПЦ дека не се труди за националниот идентитет, но не е така. Жалам што ќе кажам дека некои медиуми не ги објавија ставовите на МПЦ, а други тивко го соопштија па никој не разбра каков став донесе МПЦ на 26 декември 2017 година – рече митрополитот преспанско -пелагониски Петар на протестот против промена на името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст