| четврток, 6 декември 2018 |

Почина шахистот Атанас Русоманов

Во својот дом во Скопје, во 64-та година од животот, вчера почина македонскиот шахист, носител на титулата мајсторски кандидат (МК), Атанас Русоманов.

Русоманов кој настапуваше за повеќе познати македонски клубови, како што се Студент и Фонографика, со својата комбинаторнаигра и резултати постигнати на црно-белите полиња, посебно во 80-те години, остави траен печат во македонскиот шах.

Неговиот највисок шаховски рејтинг беше забележан во јули 1986 година кога изнесуваше 2.325 поени, што всушност беше на ниво на шахист со титула ФИДЕ-мајстор (ФМ).

Погребот беше извршен денеска на гробиштата во населбата Драчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top