Лице вработено во Основен суд Скопје 1 алармира за невидениот непотизам во кадровската политика што ја практикува Прертседателот Иван Џолев. После овој конкурс, судот може целосно да се збогува со секаков обид да биде сметан за непристрасен и професионален, пишува Инфомакс.мк
Единствен белег кој нема да може да се тргне уште долго време ќе биде етикетата дека се згрижуваат семејствата на оние што одработиле или треба да одработат за владеачката партија, но и најблиските на оние на кои претседателот на судот им должи или очекува да му помогнат.
Имено, на последниот оглас за вработување на определено време од 1 година се примени голем број на деца на судии и членови на судски совет.
Примени се Андреј Самарџиски – син на Влатко Самарџиски – член на судски совет и Живко Богдановски – син на Владе Богдановски – исто член на ССРМ, притоа од одредени судии во скопска единица забележана е и посета на Влатко Самарџиски во Основниот суд Ск. 1 непосредно пред одлучувањето по огласот, веројатно на „баци рака“ кај Иван Џолев, пишува во текстот на Инфомакс.
Понатаму, примена е Уна Карановиќ – ќерка на Радмила Карановиќ – судија од Ос Скопје 2, која судијка дури два пати е видена во кривичниот суд на „разговор“ кај Иван Џолев и Ена Реџепагиќ – ќерка на судијата Седат Реџепагиќ, кој е познат призврзаник на СДСМ и кој уште пред да дојде СДСМ на власт наоколу зборувал „кад доџу наши“ (кога ќе дојдат нашите на власт се мисли) ќе му ја вработат ќерката – и види чудо планот се остварува – во исто време кога него му се исполнува желбата повторно да се врати на местото судија во претходна постапка на организиран криминал, па се поставува прашањето:
Дали при вработувањата во судот се бираат стручни кадри кои ќе ги задоволат потребите и недостатоците од помошен кадар во судот или се вработуваат деца на потребни судии, за да истите однапред се купат за да глатко „одат“ притворите, но и реформите во правосудството со оглед да се исполнети желби за вработување на деца на двајца членови на судски совет?
Се поставува уште едно битно прашање:
Дали Иван Џолев беше избран за претседател иако беше последен по бодови на ранг листата, однапред ветувајќи им на двајца членови на судски совет вработување на нивните деца по доаѓање за Претседател и со тоа решавање на најбитното егзистенцијално прашање, а тие за возврат да го гласаат иако секој кандидат беше пред него по бодови. Не е до тоа дали децава чинат или не, ама ако ова не е конфликт на интереси, не знам што е! Интересни прашања, нели…??
Во најмала рака, после ваков избор на оглас за вработување, СДСМ повеќе нема право да каже ниту збор за непотизам и конфликт на интереси во било чие време… Фразата „тефтерчињата на ВМРО“ како што често СДСМ милува да каже, стана нивна секојдневна пракса. Ко о чему – СДС о поштењу. Толку од чесноста на СДС.., стои во текстот на Инфомакс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст