Албанскиот јазик и официјално покрај македонскиот ќе биде впишан како службен јазик во општина Струга. Тоа стои во новиот статут на општината кој денеска го изгласаа градските советници, пишува VOA.
ВМРО-ДПМНЕ гласаа против статутот и најавуваат жалба.
Во членот 7 на овој највисок локален акт сега стои:
„Во оштината службен јазик е Македонскиот јазик и неговото кирилично писмо“, а во пасус понатаму се додава:
„Во општината службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилично писмо е и јазикот и писмото кои ги користат најмалку 20% од жителите на општината, односно – албанскиот јазик и неговото писмо“.
Во досегашниот статут на општина Струга стар 15 години стоеше дека службен јазик во општина Струга е македонскиот и неговото кирилично писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од жителите на општинатa, но не и албанскиот јазик како посебен теремин.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, вели дека последната одлука зборува за новата политичка атмосфера која владее во Струга и државата:
„Оваа верзија на статутот преовладуваше и во 2006-та година но немаше волја од тогашните советници од сите политички партии. Денес имаме подобрена политичка клима. Ние денеска заеднички донесовме статут со кој подобро ќе работи и советот на општина Струга, админстрацијата на општината и невладините организации и сите институции на локално и централно ниво “.
Единствено советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против статутот и најавуваат дека спорниот член 7 ќе го обжалат пред Уставен суд. Велат дека на овој начин Струга станува двојазична општина, што според нив е спротивно на Уставот и на Законот за локална самоуправа. „Со овој статут се исклучува можноста за употреба на јазиците на другите“, рече Ален Деребан најавувајќи ја жалбата „веднаш штом биде објавен во Службен весник“.
извор: VOA
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


