Владата денеска конечно назначи директор на Матичната служба. Според владиното соопштение Бујар Дарлишта е именуван за в.д. директор на Управата за водење на матични книги.
Функција доби и Лазар Еленовски кој е назначен за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел.
Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија – станува збор за Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам – стои во владиното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст