Сојузниот управен суд во Лајпциг во вторникот дозволил воведување на забрана за сообраќај на возилата со дизел мотори, со цел намалување на штетните честици и гасови во германските градови.
Сојузниот управен суд со тоа ја отфрлил жалбата на сојузните покраини Баден-Вуртемберг и Северна Рајна-Вестфалија, каде управните судови одлучиле дека градовите Штутгарт и Диселдорф, со цел одржување на дозволените вредности на издувните гасови и честици, може да посегнат по мерки како забрана за сообраќај.
Сојузните покраини потоа се обратиле во Сојузниот управен суд во Лајпциг барајќи објаснување на прашањето дали воопшто постојат правни темели за воведување на забрана.
Судиите во Лајпциг заклучиле дека нема правни пречки, но дека градовите истовремено мора одлуката за воведување на забрана за возила со дизел мотори да ја воведуваат постапно, а мора да се воведат и исклучоци за, на пример, мали претприемачи.
Забраната останува последно средство за остварување на целта за постигнување на дозволената вредност на издувните отрови”, стои во образложението на пресудата.
Одлуката на сојузниот управен суд во Лајпциг се однесува конкретно на Штутгарт и Диселдорф, но и на останатите 70 градови во Германија, каде вредноста на отровни гасови ја надминува дозволената граница.
Токму поради висината на тие вредности, кои веќе со години ги надминуваат дозволените граници, здружението Германска помош на околината – “DUH”, поднела тужба во Штутгарт и Диселдорф, каде судовите одлучиле дека може да се воведат забрани.
Претставници на сојузните покраини и градови од сојузните влади бараат воведување на закони кои го регулираат прашањето за забраната. Тоа пред се се однесува на воведување на таканаречени сини лепенки, со кои би биле означени автомобилите кои се изземени од забраната. забраната пак се однесува на сите бензинци и дизелаши од најновите генерации. Конкретно, околу 12 милиони возила во Германија може да бидат погодени од забраните.
Сојузната влада пред неколку дена најавила дека планира да донесе закон кој би овозможил забрана на сообраќај на “валкани” дизелаши на одредени патишта. Градовите го отфрлиле ова решение, тврдејќи дека е логистички неостварливо.
Од друга страна, автомобилската индустрија досега одбивала дополнителни механички преправки кај старите дизелаши, тврдејќи дека тие мерки би биле прескапи. Матијас Висман, од Здружението на германските автомобилски индустрии, смета дека намалувањето на количината на отровни гасови може да се намали и со други мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст