| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Македонија понуди четири опции за името

Македонија предложила четири опции за решавање на долгогодишниот спор со името со Грција.

„Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“, изјави премиерот Зоран Заев за Ројтерс во Лондон, каде присуствуваше на инвестицискиот самит за Западниот Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој.

Запрашан дали Грција ќе биде задоволна со една од овие опции, Заев одговори:

“Да, некои опции повеќе ги преферираат, а некои не (во однос на името)”

Заев додаде дека останува прашањето дали постои вистинска потреба од промена на Уставот, нешто што Грција го бара последниве неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top