Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост или познат како Законот за стечајци.
-Воведуваме можност да се опфатат и лица во работен однос и по приватизацијата на претпријатието, но тоа претпријатие да го има истиот матичен број од периодот кога било во државна сопственост. Дополнително, работниот однос на лицето треба да е започнат во време кога претпријатието било државно. Второто олеснување е за возрасната граница. Поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст што треба да ја има невработеното лице, а тоа е најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи, со тоа што таа сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека со измените дополнително се воведува можност со законските одредби да бидат опфатени и луѓето чиј работен однос престанал и по приватизација на претпријатието.
-Условот е тоа претпријатие да го има истиот матичен број кога било државно и работниот однос на лицата да почнал кога претпријатието било во државна сопственост. Со Законот кој го донесовме во септември 2017 година во суштина беа опфатени 2.732 стечајци, а со овие измени очекуваме дополнителни 1.900 позитивни решенија, рече Царовска.
Законот предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата по 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст