| четврток, 6 декември 2018 |

Скопски крадци мераклии за спортска облека: На сила ги ваделе алармните уреди, извршиле 18 кражби

Потив тројца скопјани на возраст помеѓу 22 и 27 години е поднесена кривична пријава за сторена тешка кражба. Имено, тројката оперирала по продавници за спортска облека и бутици низ Скопје, каде извршиле вкупно 18 тешки кражби.

– Пријавените, според документираните сознанија, во периодот од 26.11. минатата до 21.01. оваа година во продавници за спортска облека и опрема, како и други бутици на подрачје на Скопје, од штандовите одзеле повеќе парчиња облека, потоа влегувале во гардероберите и насилно ги демонтирале алармните уреди-бипери, по што ја сокривале облеката и без да бидат забележани излегувале од продавниците. На ваков начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 50.000 денари, велат од Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top