Возачот на камионот кој ја проби оградата на мостот кај селото Мијатовац и останал да виси над Морава скоро два часа, спасен е и превезен во болница во Чуприја. На автопатот Белград-Ниш кај Јагодина, сообраќајот со часови бил во прекин.
Возачот од превентивни причини е превезен во болницата во Чуприја, бидејќи бил премрзнат и во состојба на шок.
Него од кабината го извлекле полицајци, пожарникари.
До несреќата дошло околу седум часот утринава. Според неофицијалните информации возачот заспал зад воланот и затоа слетал од патот и ја пробил оградата на мостот.
Кабината и дел од камионот виселе над Морава, а возачот со часови бил заробен во кабината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.