Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален 2,3 проценти и изнесува 5.352 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 126 проценти во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4.848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.