| четврток, 6 декември 2018 |

Змија ќе го касне ако рече „Mакедонија“: Премиерот на „нашата земја“ повторно нè понижи пред светот (видео)

Премиерот на „нашата земја“, Зоран Заев повторно меѓународно ја понижи Македонија, македонскиот народ и македонскиот идентитет.

Во интервјуто за „Евроњуз“, кое траеше 11 минути, премиерот Заев буквално ниту еднаш не го изговори зборот Македонија, а дури 27 пати кажа „нашата земја“, „нашите граѓани“, „нашата страна“ и други слични маневри со кои избегна да го каже зборот Македонија.

Истовремено, на Заев не му пречеше дури 10 пати да ги изговори термините Грција, грчки народ, грчка страна и слично.

До сега таквите понижувања со „нашата земја“ доаѓаа од разни страни, но сега прв пат во историјата Македонија има премиер кој буквално одбива да го изговори името на Македонија и македонскиот народ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top