Предложените реформи во правосудството телото за реформа да го води премиерот Зоран Заев, а да го советуваат претседатели на судови и претседателот на Врховниот суд се одличен показател дека власта талка и не знае како треба да се спроведат, смета Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права на Советот на Европа во Стразбур, поранешен претседател на ДИК.
-Ми се чини постои нејасна концепција за тоа како сакаме да се спроведат реформите. Сега најавата за нов совет за реформи има необичен конотација. Местото на судството не му е во извршната власт. На претседатели на судови, на Судскиот совет исто така не им е местото да го следат извршувањето на реформите преку владата како што е замислено. Треба луѓето кои го претставуваат судството да комуницираат преку министерството за правда како надлежно или тоа може да се направи преку концептот на независно тело кое ќе ги обединини сите овие, плус експерти и претставници од академската заедница, вели Лазарова-Трајковска.
Според неа ова што се случува сега е мешање на извршната власт и судската власт.
-За независно судство треба силен Судски совет. Јас го поддржувам концептот на професионален Судски совет, којшто по примерот на некои други земји, како што се Хрватска, Италија, го имавме случајот со Бугарија, меѓутоа од друга страна, и во согласност со нашите поранешни искуства, од значењето и улогата на Судскиот совет, би можел да биде тело кое ќе учествува и ќе ги води реформите. Јас сметам дека оттука треба да почне реформата, значи од Судскиот совет, меѓутоа таа треба да продолжи и кон Уставниот суд, и понатаму кон Врховниот суд. Не треба да се изостават Управните судови надвор од реформите, затоа што формирањето на овие судови не ја разграничи до крај и нивната позиција и нивното место во рамките на правосудниот систем, вели таа.
Лазарова-Трајковска смета дека македонското судство само си ја прифати улогата да биде жртва.
-Многу пати критикувано, многу пати повикувано да се произнесе самото за себе. Тоа не смогна сили да застане и да се слушне неговиот глас. Ние со години гледаме пред нас замолчени судии, или судии кои не сакаат да се вклучат активно во одбраната на дигнитетот и достоинството на судот или на судската професија. Ако треба да се постави некаква дијагноза, тоа е навистина во една состојба на болест на која и треба една добра нега, и треба помош, вели Лазарова-Трајковска.
Како настана целата конфузија со реформите во правосудството ?
Веднаш по доаѓањето на власт, СДСМ одлучи да формира Совет за реформи во правосудството и најави генерален реизбор на сите судии. Но, тиквата пукна по неколку месеци и во декември беше одлучено да се формира ново тело кое требаше да почне со работа кон крајот на јануари кое ќе го води премиерот Зоран Заев. Но, тоа никако да види бел ден. Поминува и февруари. Практично се одлучи Заев како предводник на извршната власт да ја реформира судската власт.
Како што вели и Лазарова-Трајковска, на некој начин вака како што се поставени работите има мешање на извршната и судската власт.
Тоа го говорат и правните акти. Според член 8 од Уставот на Република Македонија темелна вредност на уставниот поредок на земјата е „поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска“.
Во првичниот совет членуваа универзитетски професори и судии – Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Борче Давитковски, Беса Арифи, Мерсим Максути.
Од домашните судови, пак, во редовите на новоформираниот совет требаше да бидат судијката Наташа Габер-Дамјановска од Уставниот суд, Фаик Арслани од Врховен, Бурим Сејдини и претседателите на Управниот суд – Сурим Сејдини, на Апелациониот во Гостивар – Шефајет Хајдари и на Основниот суд Скопје 2 – Илир Сујемани, Маргарита Цаца-Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.
Вкупниот број на членови изнесуваше 22, од кои дел надворешни експерти, а петмина од Министерството за правда. Првиот човек на оваа институција, министерот Билен Салији, беше и претседател на овој совет, а потпретседател заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.
Но, дека ова тело е нефункционлано и шминка, прв се побуни професорот Гордан Калајџиев, кој си поднесе и оставка, укажувајќи дека не сака да биде декор во т.н. реформи на правосудството.
– Некои важни иницијативи се одбиваат без аргументација, така што Советот го доживувам повеќе како декор на министерството и Владата отколку како вистински Совет за реформи. Мислам дека напротив сериозноста на задачата бара многу добро да се размислат чекорите што се преземаат, бидејќи само палијативни, нови крпења на законските прописи, нема да донесат решенија на проблемите како што не донесоа ни досега, бидејќи ние и без да правиме реформи имаме пристојни законски решенија. Но, имаме сериозни други проблеми што уште де факто не сме ги детектирале зошто и како нашиот систем не е резистентен на политичките влијанија, кои се тие канали преку кои се врши притисок врз судството, обвинителството што доведуваат до селективност, политизираност, рече Калајџиев кога си поднесуваше оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст