| четврток, 6 декември 2018 |

За движење низ Скопје подгответе си лизгалки – улиците вечерва подмрзнати

И вечерва градските власти се изненадени од снегот. Скопските улици се претворени во лизгалиште. Сол и песок се непознати именки за скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Иако снегот е исчистен од улиците, мраз ги има зафатено сообраќајниците, па така возењето низ Скопје е вистинска уметност. Не зборуваме за споредни улички. Возењето по главните сообраќајници е ризично поради лизгавиот коловоз.

Кисела Вода е под мраз. Истот се случува и во Центар. Возила се лизгаат на булеварот Мито Хаџивасилев Јамин.

Метеролозите најавуваат дека снегот ќе се задржи, но ќе има и нови врнежи во наредните денови. Дали конечно градските власти ќе се разбудат од длабокиот сон?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top