Пејачката Ксенија Пајчин, која пред неколку години беше убиена од своето момче, Филип Каписода, на почетокот на кариерата била во тајна врска со Саша Ковачевиќ. Двајцата музичари во тоа време негирале дека се заедно. Во времето кога се зборуваше дека се гледаат, Ковачевиќ јавно излегуваше со српска манекенка.
Близок пријател на Ковачевиќ неодамна открил дека Саша и Ксенија, сепак, биле во врска и дека ја криеле од јавноста. Тие се запознале во студиото за танц на Пајчин 2002 година. Освен што се гледале тајно, се среќавале и на настапите во дискотеките и кафулињата низ Србија.
Саша и Ксенија никогаш не ја признале врската, но како што изјави пријателот на Саша, Ковачевиќ се состанувал со Ксенија во едно кафуле во Земун.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која позираат заедно. Тие двајца се фотографирани во интимна поза и изгледаат многу среќни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


